понеделник, 27 април 2026

Горан Ангелов-Ќосето за 27 април: Неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите

Осудениот за настаните од 27 април, Горан Ангелов-Ќосето, со низа остри обвинувања ја одбележа 9-тата годишнината од упадот во Собранието, оценувајќи дека овој датум е „синоним за неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите“.

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалните мрежи, тој наведува дека 27 април за него претставува симбол на, „политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство“, притоа обвинувајќи за политички влијанија врз судските процеси и за, како што вели, уцени и нееднаква примена на правото.
„27 април е сѐ она што не чини во оваа држава“, стои во објавата, во која се додава дека, според неговите тврдења, дел од осудените и понатаму издржуваат казни, а нивните семејства се соочуваат со тешки последици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ