понеделник, 27 април 2026

Две лица со параглајдер паднале на пешачка патека во Охрид

Во СВР Охрид, во неделата вечерта, на 26 април е пријавено дека истиот ден, околу 14 часот, две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот.

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента. Во СВР Охрид нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ