Настапот на Елмас, Оспина, Осимен и Рахмани во Лестер е неизвесен, проблем е тоа што тие играа во земји кои се сметаат за ризични во моментов.
Доколку влезат во Англија, ќе треба да поминат десет дена во изолација пред да можат слободно да се движат таму.
Наполи прави напор да биде направен исклучок за неговите фудбалери од ковид мерките на Велика Британија.
Италијанскиот клуб е во контакт со властите во Велика Британија преку нивната амбасада во Рим.
Во операцијата за дозволување на настап на фудбалерите работат и агенти на УЕФА. Се очекува наскоро да се знае дели Велика Британија ќе направи исклучок за четворицата фудбалери на Наполи и ќе им дозволи да играат против Лестер во првото коло од Лига Европа.






