Кристијано Роналдо имаше деби за Манчестер јунајтед какво што може да посака, постигна два гола и даде голем допринос за трите бода.
Њукасл одлично се бранеше се до судиското продолжение од првото полувреме кога Роналдо даде гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
По десет минути игра во вториот дел Њукасл успеа да израмни на 1-1, Манкиљо постигна погодок.
Седум минути подоцна по додавање од Шо, Роналдо направи соло акција по која постигна уште еден гол и му донесе ново водство на Манчестер јунајтед.
Во 80. минута Бруно Фернандеш постигна прекрасен гол со шут од далечина за 3-1, а конечните 4-1 ги постави Лингард во судиското продолжение по една убава акција на Јунајтед.
Манчестер јунајтед сега е на првото место на табелата, но дел од конкурентите треба допрва да ги одиграат своите натпревари.






