Горан Пандев од првата минута го почна мечот и во игра се задржа до 62. минута кога беше изваден од игра, во тој момент Џенова губеше со 2-1.
Резултатот го отвори Жоао Педро во 16. минута, а по десет минути игра во вториот дел Каљари преку Кепители зголеми на 2-0.
Во 59. минута Дестро погоди со глава и го намали резултатот на 2-1. Веднаш потоа Горан Пандев беше повлечен од игра.
Во 69. и 78. минута новиот фудбалер на Џенова, Фарес постигна два гола за голем пресврт и победа на неговиот тим од 3-2.






