Тотнем мечот го почна како лидер во Премиерлигата со три победи од три меча, но серијата денеска заврши. Кристал Палас беше многу подобар противник и заслужи да слави убедлив триумф.
Домаќините беа подобри во текот на целиот меч иако клучниот момент се случи во 58. минута кога Танганга доби втор жолт картон и Тотнем остана со фудбалер помалку.
Во 74. минута Дејвис играше со рака во својот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка, а Заха погоди од пенал за водство на Кристал Палас од 1-0.
Во 84. минута во игра влезе новото засилување на Кристал Палас, напаѓачот кој дојде од Селтик, 23 годишниот Едвард. Во истата минута, со првиот допир со топката постигна гол за водство на својот тим од 2-0.
И тоа не беше се од него, во судиското продолжение погоди уште еднаш за победа на Кристал Палас од 3-0.






