Чеферин во своето последно интервју рече дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се обиделе да го убијат фуддбалот.
„Не би ми пречело да видам како ја напуштаат УЕФА. Смешно е да се види дека сакаа да направат ново натпреварување, а во исто време да играат во Лигата на шампионите“, вели Чеферин за „Дер Шпигел“.
„Овие луѓе се обидоа да го убијат фудбалот со нивните некомпетентни директори“.
„Флорентино Перез се жалеше велејќи дека неговиот клуб може да преживее само со Суперлигата, а потоа понуд 180 милиони евра за Мбапе“.






