понеделник, 27 април 2026

Бразилците сепак ќе играат во Премиерлигата, ФИФА нема да казнува

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на квалификациите за СП 2022, клубовите од Премиерлигата одлучија да не ги пуштат играчите кои треба да патуваат во „црвени зони“ бидејќи по враќањето во Англија ќе мора да поминат десет дена во карантин во хотел.

Бразил беше најпогоден откако неколку играчи не добија дозвола, па „кариоките“ побараа од ФИФА да ги казни клубовите и фудбалерите да бидат суспендирани на пет дена. Примерот го следеа уште неколку земји, како Чиле, Мексико и Парагвај.

Сепак, ФИФА реши да седне на маса со ФА и со фудбалските федерации на Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај со цел да се најде компромис бидејќи ситуацијата ќе се повтори и следниот месец, кога одново ќе има квалификации за мундијалот.

Па во знак на добра волја, Бразил, Чиле, Мексико и Парагвај го повлекоа барањето за суспензија, а властите од Британија дале позитивни сигнали дека се подготвени за компромис и иземање на фудбалерите од строгите правила за карантин.

Па овој викенд Бразилците и останатите фудбалери од Јужна Америка ќе можат да настапат во Премиерлигата и останатите првенства во Англија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ