вторник, 28 јули 2026

Зошто некои пушачи добиваат рак, а други не: Научниците објавија можно објаснување

Прашањето зошто некои пушачи никогаш не добиваат рак на белите дробови, додека болеста понекогаш се развива кај луѓе кои никогаш не пушеле, долго време ги збунува медицинските експерти. Слична дилема постои и со ракот на кожата, кој не се развива кај сите луѓе изложени на сончево зрачење. Нова студија објавена во списанието „Нејчр“ нуди можно објаснување.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето покажува дека наследените гени имаат значајно влијание врз развојот на туморите по изложеност на штетни материи од околината. Научниците откриле дека дури и мали наследени генетски разлики можат да го променат начинот на кој се развиваат туморите.

Според резултатите од истражувањето, идните стратегии за превенција на ракот треба да ја земат предвид генетската разновидност на луѓето и нивната наследна генетска структура. Наодите покажуваат дека генетската основа на поединецот може да влијае врз тоа кои мутации ќе се задржат, како ќе напредува туморот, но и како организмот ќе реагира на одредени терапии.

Фасцинантни докази

„Оваа студија дава фасцинантни докази дека нашите наследени гени можат да имаат големо влијание врз развојот на ракот по оштетувањето на ДНК“, изјави Сем Годфри од британската организација за истражување на ракот „Кансер рисрч Ју-Кеј“.

„За првпат, бевме во можност да покажеме до кој степен генетската позадина влијае и врз процесите на мутација и врз патиштата што водат до развој на тумор“, рече Данкан Одом, кој го водеше истражувањето во Кембриџ, а сега работи во Германскиот центар за истражување на ракот (ДКФЗ) во Хајделберг.

Истражувачите користеле четири генетски различни соеви на глувци за да го имитираат нивото на разновидност што постои кај луѓето. Потоа ги изложиле животните на иста доза на познат канцероген за црниот дроб, диетилнитрозамин, супстанција што се наоѓа во чадот од тутун и одредена преработена храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ