Како што информираат од Царинската управа, камионот бил пријавен за транзит од Грција кон Србија, а според придружната документација превезувал градежен материјал – камена волна.
При деталната царинска контрола, службениците над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени.
Возачот бил лишен од слобода, а против него до Основното јавно обвинителство во Гевгелија е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.
Од Царинската управа посочуваат дека со оваа акција уште еднаш ги потврдуваат своите заложби за сузбивање на нелегалната трговија со цигари и спречување на прекуграничниот криминал.





