Според истите информации, Танасковски бил приведен во барака во тамошната населба Видрован, а освен него, полицијата му ставила лисици и на Нено Марковиќ од Никшиќ, за кого веруваат дека му помогнал да се крие.
Деветнаесетгодишниот Танасковски е осомничен дека се обидел да го убие Марко Љубиша-Кан, висок член на балканскиот нарко картел Шкаљарски клан, на 7 август 2025 година, во хотелот „Маестрал“ во Будва.
Полицијата во Црна Гора соопшти дека бил приведен А.Т. (19), државјанин на Северна Македонија, член на организирана криминална група, осомничен за обид за убиство на член на спротивставена криминална група.
Истражните органи во Црна Гора имаа основано сомнение дека осомничениот лани за време на планирањето и подготовките користел лажна лична карта на име Ј.Г., државјанин на Србија, роден во септември 2006 година, како начин да се инфилтрира во хотелот и да ги реализира криминалните активности.





