вторник, 28 јули 2026

Мицкоски: Опозицијата ни остави уништена држава, ама нема да банкротираме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции.

Објавено на

часот

Сподели

„Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, понижен систем, систем којшто беше тотално нефункционален. Инаку тоа што овие три државни институции ѝ помогнаа на една друга државна институција е 256 пример во историјата на оваа земја, бидејќи 255 пати во минатото, вклучително и претходната влада, постапувала на ист начин. Исто така имам лоша вест за нив, во август месец тие средства ќе бидат вратени на овие три институции – истакна Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ