„Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули репортиравме до самата Европска Унија. Системот, стандардот, реформите го прават луѓето. Еве почнавме со Гостивар, каква сакате направете реформа ако вие имате луѓе кои се неодговорни и кои што се однесуваат неодговорно за бадијала ви е вас таа реформа. Ако ние не сфатиме дека се тргнува од нас, тогаш ние на хартија најбрилијантните реформи ќе ги ставиме ќе ги поминеме низ Влада и низ Парламент и сето тоа ќе биде перфектно, но, ако нема кој да го применува и прифати за бадијала ни е нас“, рече Мицкоски.
Кога зборуваме за перцепцијата околу корупцијата, додаде, ќе споделам со вас еден момент.
„Пред извесно време ни презентираа една анкета која што е работена од реномирана куќа за реномирана странска институција. И таму во таа анкета беа опфатени локалните институции и државните институции. На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат има. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво позитивно одговориле под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти. Што сакам со ова да кажам? Создадена е перцепција, нашиот народ повозрасните велат очи да ти извадат, муабет да не ти извадат. Создадена е перцепцијата, никој нема дилема. Но кога ќе ги прашате, тогаш ќе видите дека системот поинаку функционира. И сега што направивме ние? Заедно со министерот за внатрешни работи и со една реномирана невладина меѓународна организација имавме состанок на кој се договоривме, таа невладина меѓународна организација да води еден процес „Пријави корупција“. А тој ќе биде придружен со натписи, налепници во сите општински и државни институции. Тоа би требало од август да почне да функционира“, посочи Мицкоски.
Ако луѓето изградиле таква перцепција, ако тој стереотип е присутен, нагласи, тоа значи дека немаат доверба во институциите.
„Ако е така, тогаш еве оваа нека биде носител, а ние ќе ја подржиме. Ако пријавиш корупција тогаш ние ќе можеме да делуваме, но ако ти молчиш и не пријавуваш, тогаш ние не можеме да дејствуваме, порача Мицкоски“.





