вторник, 28 јули 2026

Акциска контрола во Кочани и Виница: возеле без кациги и без дозволи, тројца завршија во полиција

Министерството за внатрешни работи информира дека во акциска контрола спроведена на подрачјето на Кочани и Виница биле изречени вкупно 59 санкции за возачи на мотоцикли и електрични тротинети, а три лица биле лишени од слобода.

Објавено на

часот

Сподели

Контролата била спроведена вчера, во периодот од 17 до 22 часот, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и била насочена кон санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Од вкупно 59 санкции, една била изречена за возач на електричен тротинет, 34 за управување мотоцикл без заштитен шлем – кацига, една за истечена полиса за задолжително осигурување, една за истечена регистрација на мотоцикл, три за управување без соодветна категорија, една за возење под дејство на алкохол, две за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и 16 за останати сообраќајни прекршоци.

При контролата биле откриени и три кривични дела, поради што биле лишени од слобода три лица, меѓу кои и еден малолетник. Според МВР, постои основано сомнение дека сториле кривично дело „управување со моторно возило без да поседуваат возачка дозвола“ по член 297-а од Кривичниот законик. Во акцијата биле одземени и три мотоцикли.

Од МВР најавуваат дека против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ