понеделник, 1 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Филипче за две години пандемија не успеа да го организира здравствениот систем

Објавено на

часот

Сподели

„За две години имаше само огромен број на заболени, огромен број на починати, недоволно лекови, недефинирани протоколи за лечење. За пет дена или од понеделникот (03.01.2022) заклучно со петок (08.01.2022) бројката на заболени се зголеми за повеќе од четири илјади лица. Или во понеделникот официјално имаше 4.817 болни, а заклучно со вчерашниот ден 9.166 болни од корона.

И ова е само официјалната статистика на Министерството за здравство.

На ваква ситуација, Филипче, кој е во заминување, не мрдна со прст. Пунктовите и за тестирање и за вакцинирање се затворени 4 дена“, пишува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека „тешко дека и Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе сменат нешто. Бидејќи од досега виденото тој бил само продолжение на заевизмот“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ