недела, 31 мај 2026

Охрид слави европски трофеј, нов голем успех за македонскиот ракомет

Ракометарите на Охрид со 31-25 ја победија Татабања во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп и направија историски успех за клубот и огромен за македонскиот ракомет.

Објавено на

часот

Сподели

Охрид го слави првиот европски трофеј, Македонија има уште еден клуб кој победи во континентално натпреварување.

Во фантастична атмосфера во салата „Билјанини извори“, Охриѓани ја надиграа Татабања и на градот му го донесоа најголемиот успех.

Татабања беше рамноправен противник во првото полувреме, водеше во четири наврати со еден гол разлика, но на голем одмор се замина со +1 за Охрид (12-11). Предноста на нашиот тим можеше да биде многу повисока, но блескаше гостинскиот голман Ариан Андо кој во првото полувреме оствари дури 11 одбрани, најголем дел од нив зицери.

Се беше решено во воведните четири минути од вториот дел во кои македонскиот тим направи 5-1 и поведе со највисоки пет гола разлика (17-12), предност која подоцна ја имаше во уште неколку наврати. Татабања не се предаде, се бореше до крајот, но најмногу што успеа да се доближи беше на два гола негатива, недоволно да се загрози победата на Охрид кој реваншот го почна со гол предност од првиот натпревар.

Косуке Јасухира одигра одличен натпревар, постигнувајќи девет гола од 12 шута, шест гола постигна Стрмљан, а уште четири Јагуриновски. На голот блескаше Кристијан Пилиповиќ кој оствари 13 одбрани.

Минатата година овој Европски куп го освои Алкалоид, а оваа година тоа го направи Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ