недела, 31 мај 2026

ВЛЕН: ДУИ со години не го реши прашањето за правосудниот испит на албански јазик

Од коалицијата ВЛЕН обвинуваат дека ДУИ со години не презела конкретни чекори за решавање на прашањето со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, иако, како што наведуваат, неколку нивни кадри раководеле со Министерството за правда.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се посочуваат поранешните министри за правда Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери, за кои ВЛЕН тврди дека имале можност да го решат проблемот, но тоа не го сториле.

„Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда. Бил министер со мандат и можност да дејствува, но и за време на неговиот мандат правосудниот испит на албански јазик остана без решение“, наведуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата потсетуваат дека Џафери учествувал и на студентските протести поврзани со ова прашање, прашувајќи против кого протестирал ако претходно бил дел од институциите што можеле да најдат решение.

Во соопштението се споменува и неговото раководење со Бирото за судски вештачења, при што се тврди дека во тој период било одолговлекувано супервештачењето за случајот „Ласкарци“.

Според ВЛЕН, ДУИ ги оставала нерешени проблемите додека била на власт, а по заминувањето во опозиција се претставува како заштитник на правата и правдата.

Од коалицијата велат дека студентите со години барале решение, но тоа не било обезбедено ниту во мандатите на Беџети, Јашари и Џафери.

ВЛЕН тврди дека актуелно работи на решавање на ова прашање и најавува дека не само правосудниот испит, туку и другите професионални испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ