Според полицијата, на 30 мај во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во болницата бил пронајден починат И.Г. од радовишкото село Дедино, кој бил пациент во установата.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.






