недела, 31 мај 2026

Тешко повреден возач во верижен судир на патот Кичево–Гостивар

Шеесет и двегодишен возач е тешко повреден во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево–Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, незгодата се случила на 30 мај околу 14:10 часот и во неа учествувале четири возила – товарно возило фолксваген кеди со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К. (62) од селото Грешница, товарно возило сканија со албански регистарски ознаки, управувано од А.С. (60) од Република Албанија, патнички автомобил бмв со унгарски регистарски ознаки, управуван од В.К. (45) од Будимпешта, како и патнички автомобил фиат со српски регистарски ознаки, управуван од М.Г. (32) од Ниш.

Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот на фолксвагенот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ