недела, 31 мај 2026

Избори на Малта: Лабуристите ги победија националистите

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денес прогласи четврта последователна победа на својата Лабуристичка партија на парламентарните избори.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Абела изјави за новинарите дека „ова е победа за сите луѓе врз основа на програмата што им ја презентиравме“ и дека неговата партија „освои силен мандат“ на вчерашните избори, пренесува Ројтерс.

„Да го зачуваме духот на националното единство и заедно да ја движиме земјата напред“, додаде тој.

Новинарите што го следеа пребројувањето на гласовите изјавија дека лабуристите освоиле убедливо парламентарно мнозинство.

Генералниот секретар на опозициската Националистичка партија, Чарлс Бонело, го призна поразот и изјави дека неговата партија сепак успеала да го намали мнозинството на Лабуристите во парламентот.

Гласањето се одржа вчера, со излезност од 87,4 проценти, малку повисока отколку на последните општи избори во 2022 година.

Лабуристите водеа кампања за силна економија, искуство и кредибилитет во владата, додека Националистичката партија тврдеше дека квалитетот на животот на луѓето се влошил и покрај растечката економија.

Абела ќе положи заклетвата утре наутро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ