Според информациите од МВР, денес во 00:45 часот во СВР Штип, М.Ј. (33) од Таринци пријавила дека претходната вечер околу 21:30 часот на игралиште во селото нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.С., женско лице.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






