Двајца пилоти пријавиле дека е можно да има дрон во близина кратко по 9 часот наутро, пренесува Еуроњуз.
Портпаролот на полицијата Стефан Бајер, потврди за агенцијата Франс прес дека одлуката за привремено затворање на аеродромот е донесена по дојава од пилот. „Во координација со германската контрола на воздушниот сообраќај, безбедносните служби потоа одлучија да ги затворат пистите“, рече тој.
Бајер за германски весник изјави дека во близина на аеродромот е забележан потенцијално неовластен летачки објект и дека е наведено дека може да станува збор за дрон.
Прекинот траел околу еден час. Портпаролот на аеродромот за Франс прес изјави дека летовите се обновени околу 10 часот, додавајќи дека службите за итни случаи не пронашле никаква закана за јавноста.
Аеродромот во Минхен веќе се соочувал со слични проблеми. Во октомври бил затворен двапати за само 24 часа поради сомневања за дронови.






