петок, 29 мај 2026

Кривични за дивоградби во Куманово и Крива Паланка, незаконски бил надграден магацин и узурпирано државно земјиште

СВР Куманово и ОВР Крива Паланка поднесоа кривични пријави против повеќе физички и правни лица поради сомнежи за бесправно градење, злоупотреба на службена положба и узурпација на државно земјиште, информирапе МВР.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднело кривична пријава против 58-годишниот Б.Б., една фирма и 61-годишната Л.Т., поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела бесправно градење и злоупотреба на службена положба и овластување.

Според полицијата, првопријавениот, како управител на правното лице и инвеститор на градежните работи, во текот на 2022 година со одобрение за градење издадено на неговиот татко и на уште едно лице, изградил магацин спротивно на основниот проект.

Од МВР наведуваат дека во текот на градбата биле направени измени и бил изграден уште еден кат на објектот, иако тоа не било предвидено со одобрението и проектната документација.

Третопријавената, која била вработена како градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, според пријавата не презела службени дејствија кои била должна да ги спроведе.

Во посебен случај, ОВР Крива Паланка поднело кривична пријава против 50-годишниот И.С. и правен субјект од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

Според информациите, во периодот од 2021 до 2025 година, на делови од три катастарски парцели во државна сопственост со вкупна површина од 518 квадратни метри, првопријавениот како сопственик и управител на фирмата, бесправно изградил потпорни ѕидови, настрешница, помошен објект и скали.

Со тоа, како што наведува полицијата, бил оневозможен пристапот и користењето на просторот од страна на граѓаните.

Од МВР додаваат дека за објектите не била обезбедена потребната техничка документација, а тие биле наменети за вршење угостителска дејност во корист на правното лице.

Со ваквите дејствија, според полицијата, бил оштетен и државниот буџет.

По целосно документирање на случаите, против пријавените ќе бидат поведени соодветни постапки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ