петок, 29 мај 2026

Влен: Блерим Беџети молчеше скоро три години, денес се обидува да ги манипулира албанските студенти

Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен: НИШТО!, се вели во денешното соопштението од Влен.

Објавено на

часот

Сподели

Влен вели дека ова не е ниту прв, ниту последен пат Блерим Беџети и ДУИ да потфрлат во заштитата на интересите на Албанците.

„Затоа, пред Блерим Беџети да зборува за правосудниот испит на албански јазик, треба да им објасни на Албанците зошто не го реши овој проблем во текот на 1058-те дена додека беше министер. Пред да ги обвинува другите, треба да објасни зошто прашање што самиот можел да го реши го оставил како заложник со години. На Албанците не им се потребни патриоти со изборен рок на траење. На Албанците им се потребни претставници кои нема да ги продаваат нивните интереси за функции, политички пазари и личен опстанок“, велат од Влен.

Партијата тврди дека нема да дозволи неправдите наследени од минатото да останат товар за новите генерации.

„Решени сме, една по една, да ги исправиме и решиме сите проблеми што со години биле запоставувани од оние кои ја имаа власта, но не и волјата да дејствуваат. Студентите, правниците и сите албански граѓани заслужуваат конкретни решенија, а не лажен патриотизам и каузи што се користат за дневнополитички потреби. Времето на манипулациите заврши“, категорични се од Влен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ