петок, 29 мај 2026

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двајцата од села во тетовското подрачје, по пријава за кривично дело поврзано со сексуално насилство врз малолетничка, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, пријавата била поднесена вчера попладне од страна на 62-годишно лице, баба на оштетената девојка. Според неа, 58-годишниот осомничен извршил кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба врз нејзината малолетна внука.

Според пријавеното, настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната девојка се враќала од Тетово со комбе управувано од осомничениот, при што, наводно, со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа.

По одреден период, малолетничката го споделила настанот со својата 37-годишна мајка, која во тој момент била во врска со осомничениот. Сепак, според информациите, мајката не го пријавила случајот.

Двете лица се задржани во полициска станица, а за настанот е известен јавен обвинител. Од Минитертвото за внатрешни работи велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ