петок, 29 мај 2026

Венс: Трамп сè уште не одлучил дали ќе го одобри договорот со Иран (ВИДЕО)

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс јасно стави до знаење дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп за можен договор со Иран е далеку од сигурно, среде извештаите дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за ставање крај на војната.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Венс изјави пред новинарите во Заедничката база Ендрјус дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека за некои точки, вклучувајќи ги и можните ограничувања на иранската нуклеарна програма, сè уште се разговара.

„Преговараме со нив. Мислиме дека преговараат, барем засега, со добра намера и дека постигнуваме одреден напредок“, рече Венс, додавајќи дека е неизвесно дали Трамп ќе го потпише потенцијалниот договор. „Мислам дека е тешко да се каже точно кога или дали претседателот ќе го потпише Меморандумот за разбирање“, рече Венс.

“Се надеваме дека ќе продолжиме да напредуваме и дека претседателот ќе биде во позиција каде што може да го поддржи договорот, но тоа очигледно ќе биде одредено подоцна”, додаде тој.

Вчера, новинскиот медиум Аксиос објави дека американските и иранските преговарачи постигнале рамковен договор со кој ќе се продолжи прекинот на огнот и ќе се започнат разговори за нуклеарната програма на Иран. Наводно за ова е предвиден период од 60 дена.

На новинарско прашање американски извори ја потврдија содржината на извештајот.

Аксиос соопшти дека условите на договорот во голема мера биле финализирани до вторникот, но дека двете страни сè уште треба да обезбедат одобрение од своето политичко раководство.

Иранците тврдат дека нема договор

Тасним, новинска агенција блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, подоцна објави дека не е постигнат ниту потврден прелиминарен договор, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ