четврток, 28 мај 2026

Елмас: Со многуте новини во тимот мора добро да се воиграме

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас вели дека новиот циклус, промените во тимот и новиот селектор бараат целосен фокус на сопствената игра и создавање на препознатлив стил на теренот.

Имаме нов селектор, ова е втор собир и има нови играчи. Најважно е да бидеме фокусирани на нас и на тоа што треба да го изградиме како репрезентација пред септемвриските натпревари. Нè очекуваат силни противници и мора максимално да се подготвиме“, изјави Елмас.

Македонскиот репрезентативец смета дека тимот треба да игра поотворено и поофанзивно, но и да ја задржи компактноста кога е потребно.

Очекувам да играме понапаѓачки, затоа што ако не напаѓаш, не можеш да победиш. Фудбалот бара баланс, некогаш треба сите да се браниме, а некогаш сите да нападнеме. Ќе биде важно како ќе ги спроведеме задачите што ќе ги добиеме од селекторот“.

Елмас се осврна и на отсуството на капитенот Енис Барди, посочувајќи дека неговото присуство секогаш има големо значење за тимот.

Енис е многу важен за нас, како капитен и како човек во соблекувалната. Ќе недостасува на овие натпревари, затоа што и кога не игра, многу им помага на сите“.

Тој додаде дека овие натпревари ќе бидат добра можност за новите фудбалери да се вклопат во репрезентацијата.

Секогаш позитивно ги пречекуваме новите играчи, без разлика од каде доаѓаат. Кога се игра за Македонија, сите го даваат максимумот. Наша задача е да им помогнеме побрзо да се вклопат и да создадеме добра атмосфера како што беше и претходно“, изјави Елмас.

Натпреварот утре се игра во 20:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ