„Преспа нè обединува не само географски, туку и преку историјата, културата и одговорноста што ја имаме да го зачуваме ова уникатно богатство. Регионалната соработка останува клучна за градење побезбедна и поразвиена иднина за целиот наш регион“, нагласува тој.
Изразувајќи задоволство од учества на „Вториот форум за развој на Преспа“, важен прекуграничен форум што се одржал во Претор, Македонија, каде што претставници од Албанија, Грција и Македонија се сретнале за да разговараат за предизвиците и перспективите за развој на регионот Преспа.
„Како претставник на општина Пустец, имав можност да ги споделам нашите ставови и приоритети за одржлив развој на областа. Посебен акцент ставив на заштитата на Преспанското Езеро, развојот на туризмот, поддршката на локалните земјоделци и јакнењето на нашите заедници“, посочува Колефски.

Форумот е организиран во рамките на проектот „Преспа се среќава со хоризонти: Истражување на неизгазени патеки за одржлив развој“, финансиран од Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Има за цел да создаде посилни мостови на соработка меѓу земјите од регионот и да промовира конкретни иницијативи за економски, социјален и еколошки развој на Преспа.
МИА






