петок, 29 мај 2026

Грција разгледува како да го олесни протокот на патници на граничните премини со Македонија и Турција

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот (електронски систем на Европската Унија (ЕУ) за евиденција на влез и излез на државјани од земји што не се членки на ЕУ).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

На широкиот работен состанок во Солун со учество на претставници на надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти, Гулекас нагласил дека континуирано се зголемува туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција, а „со европската директива за проверка на биометриските податоци на секое лице што влегува или излегува од земјата се создаваат дополнителни доцнења за време на неопходните полициски контроли“, јави допсиничката на МИА од Атина.

Додал дека состанокот имал за цел целосна координација на сите инволвирани, додека пак одлуките за новите мерки, односно дополнителното зајакнување на информатичките системи и можноста за изградба на привремени технички решенија.

Поконкретно, за денеска се закажани посети на специјални тимови на граничните премини Евзони, кон Македонија и Кипи, кон Турција со цел да се разгледа непосредната примена на дополнителни мерки што биле дискутирани на состанокот.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис вчера од Халкидики посочи мора да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена и нагласи дека за ЕЕС системот добил поплаки од неговите колеги од Македонија и Србија.

Објасни дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ