Домаќините уште од првата четвртина покажаа максимална сериозност и одличност да дојдат до победа. Тие 12 минути ги добија со 35-22. Во вториот период Оклахома успеа да намали од негативата, па на полувремето Сан Антонио замина со предност од 60-53.
Клучна беше третата четвртина која Сан Антонио ја доби со монструозни 32-13 и го реши прашањето за победникот. До крајот одигра само рутински за конечни 118-91.
Најефикасен беше Вембанјама со 28 поени, имаше и 10 скокови, Харпер постигна 18, а Касл 17. Кај Оклахома, Гиџус-Александер беше најдобар со за него скромни 15 поени.
Мајсторката ќе се игра во Оклахома, победникот од тој дуел ќе се сретне со Њујорк во големото НБА финале.






