петок, 29 мај 2026

Селекторот Скалони го објави аргентинскиот список за Мундијалот

Актуелниот светски шампион Аргентина го потврди списокот на фудбалери со кои ќе настапи на претстојното Светско првенство, а Лионел Скалони повторно ќе се потпре на јадрото што во изминатите години му донесе големи успеси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Очекувано, капитен на „гаучосите“ ќе биде Лионел Меси, а во тимот се најдоа и останатите носители на играта како Емилијано Мартинез, Кристијан Ромеро, Родриго Де Пол, Енцо Фернандез, Алексис Мак Алистер, Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез.

Скалони не изненади со големи промени, туку се одлучи за проверени сили со кои Аргентина ќе ја започне мисијата за одбрана на светската титула.

Аргентинците ќе го отворат настапот во групната фаза против Алжир, а нивни ривали ќе бидат уште Австрија и Јордан. Според квалитетот на составот и искуството што го поседува, јужноамериканската селекција повторно важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ