петок, 29 мај 2026

Загина тринаесетгодишно дете во кумановско Черкези

Малолетникот починал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу мерцедес и електричен тротинет.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези.

„По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде  лекар констатирал  смрт. Во 21:20 часот во полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода“, наведуваат од кумановската полиција.

Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле увид на местото на несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ