Макарова објасни за агенцијата ТАСС дека под влијание на силното електромагнетно поле што се создава за време на грмотевици, во спроводниците на земјата се создаваат електрични полнежи, што може да доведе до загревање на уредот.
„Доаѓа до ненадејни експлозии, при што лице кое држи паметен телефон во близина на главата или во џебот може да се повреди. Ова не е директен удар од гром, туку процес на индукција. Значи, не станува збор за тоа дека телефонот привлекува гром, туку дека уредот се загрева под влијание на овие струи“, изјави Макарова.
Таа нагласи дека вакви случаи се случуваат многу ретко.
Според неа, многу е поголема веројатноста да настрадаат посетители на масовни настани, како што се фудбалските натпревари.
„Гром може да удри во толпа луѓе намокрени од дожд, кои тогаш стануваат добри спроводници на струја“, предупреди Макарова.






