Ова ќе биде трет натпревар за новиот селектор Гоце Седлоски, кој за претстојните контроли повика и неколку нови имиња во националниот тим. Во меѓувреме, проблем за Македонија претставува отсуството на капитенот Енис Барди, кој отпадна поради повреда. Пет фудбалери за првпат се повикани за репрезентацијата, а вкупно шест се без деби во тимот.
И Босанците имаат кадровски проблеми пред пријателскиот дуел, но во составот се очекува да биде искусниот Един Џеко, кој ќе ја предводи репрезентацијата пред настапот на Мундијалот.
Македонија и Босна и Херцеговина досега одиграле пет меѓусебни натпревари, со по една победа за двете селекции и три нерешени исходи.
По гостувањето во Сараево, нашата репрезентација ќе отпатува во Турција за уште еден контролен натпревар.






