петок, 29 мај 2026

Фон дер Лаен: Солидарни сме со Романија, Русија премина уште една граница

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави денеска дека Русија „преминала уште една граница“ откако едно од нејзините беспилотни летала погоди густо населена област во Романија и повреди цивили за време на ноќен напад во соседна Украина, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Изразуваме целосна солидарност со Романија и нејзиниот народ“, напиша фон дер Лаен на платформата Икс.

„Додека продолжуваме да ја зајакнуваме нашата безбедност и одвраќање, особено на нашата источна граница, ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија“, додаде претседателката на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ