четврток, 28 мај 2026

Ван Гог одбележува 40 години постоење: Симбол на ноќниот и културниот живот во Скопје

Култното скопско кафуле „Ван Гог“ оваа година одбележува голем јубилеј – 40 години постоење и континуирана работа, оставајќи длабока трага во ноќниот, музичкиот и културниот живот на главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

По тој повод, на 6 јуни во сабота, на улицата Михаил Цоков бр.4, пред Општината Центар со почеток од 12 часот на пладне, па се до полноќ ќе се одржи целодневна прослава исполнета со музика, уметност, дружење и богата програма за сите генерации.

Во дневниот дел од програмата, најмладите ќе имаат можност да учествуваат во креативни работилници и цртање на штафелај, инспирирани од најпознатите дела на Винсент Ван Гог, додека вечерниот дел носи настапи на бендови, диџеи и вистинска атмосфера по која „Ван Гог“ е препознатлив со децении:

  • 12:00 Oтворање на настанот
  • 12:30 Детски креативни работилници (изложба и мини сликарска работилница за деца во духот на уметноста на Винсент Ван Гог)
  • 14:15 до 17:15 – Диџеј Дени
  • 17:15 до 18:15 Диџеј Чарли
  • 30 до 19:15 Диџеј Илија Салса Академија
  • 19:15 до 21 :00 – Диџеј Вито
  • 21:20 до 22:30- Диџеј Пејчи и Диџеј Диксон
  • 22:30 до 00:30 – Breakdown Band

Четири децении „Ван Гог“ претставува место каде се создаваат пријателства, музички приказни и незаборавни спомени – простор кој генерации скопјани го чувствуваат како свој втор дом.

Ги покануваме сите љубители на добрата музика, уметноста и скопскиот дух да бидат дел од оваа уникатна прослава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ