петок, 29 мај 2026

Багери удрија врз охридско наследство, Охрид СОС алармира, се подготвува нов бетонски „џин“ (ВИДЕО)

Наместо да се заштити уникатниот објект, за кој уште минатата година реагиравме и го вклучивме во листата објекти кои сметаме дека треба да се прогласат за споменици од културата, а која листа планиравме токму деновиве да ја доставиме до Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, багери го израмнија теренот и урбаното зеленило околу објектот, реагираат од иницијативата „Охрид СОС“ преку нивната официјална фејсбук страница.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според иницијативата, најверојатно се подготвува и уривање на објектот, изграден 1927 година, пред безмалку 100 години.

„Како што може да се забележи на снимката, нема никаква заштита нити ознаки околу багерот, иако се работи веднаш до влез на основно училиште. Дури и пешаци поминуваат до багерот кој го уништува зеленилото. Според оператерот на машината, се чистел теренот за да се започне изградба на станбен објект. Потсетуваме дека на нашите коментари и забелешки на стручната оценка за влијание врз животната средина токму за овој предлог проект, доставени минатата година сѐ уште не ни е одговоено. Огромната зграда која се предвидува е во спротивност на Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион, за што приложивме и голем број аргументи“, реагираа од „Охрид СОС“.

Од Охрид СОС велат дека 1.000 луѓе се потпишале на петицијата која се однесува на овој дел од градот со цел да се заштитат објектите што се дел од архитектонското наследство на минатиот век како и училишниот парк во центарот на Охрид.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ