петок, 29 мај 2026

Во пресрет на Светско првенство во риболов на крап, Маврвско Езеро порибено по втор пат

Македонската риболовна федерација (МРФ) го реализираше второто фазно порибување на Мавровското Езеро со крап, при што беа пуштени дополнителни 2.000 килограми риба, во соработка со Националниот Парк (НП) „Маврово“.

Објавено на

часот

Сподели

Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите на Националниот парк (НП) Маврово и создавање подобри услови за развој на спортскиот риболов и зачувување на природниот баланс на езерото. На почетокот на мај, во езерото беа пуштени два тони крап со што значајно се подбри рибниот фонд во езерото.

„Македонската риболовна федерација го реализираше второто фазно порибување на Мавровското Езеро со крап, при што беа пуштени дополнителни 2.000 килограми риба, во соработка со Национален Парк Маврово и со значајна поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и министерот Цветан Трипуновски“, се наведува во информацијата на МФР.

Воедно, НП Маврово испратија потсетување до сите спортски риболовци дека е во сила забрана за лов на крап, која ќе трае до завршувањето на Светското првенство.

„Апелираме до сите посетители и љубители на спортскиот риболов да ги почитуваат правилата и со одговорно однесување да придонесат кон зачувување на природните вредности и унапредување на рибниот фонд во Мавровското Езеро“, наведуваат од НП „Маврово“.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија. Според најавите, првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември. Според рангот ова е најпрестижното натпреварување во спортски лов на крап учествуваат репрезентации/тимови од повеќе држави. Вообичаениот формат на натпреварот е да трае од 72 до 120 часа (нонстоп риболов) со тимови од 2 – 4 натпреварувачи. Победник е тимот со најголема вкупна тежина на уловен крап.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ