петок, 29 мај 2026

ДЗС: Во мај, бројот на невработени е намален за еден отсто споредено со лани

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Државниот завод за статситика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени,  57,9 отсто се мажи, а 42,1 проценти се жени.

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94.197, што е за 4,3 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто има во секторот земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 проценти во секторот градежништво.

Според Државниот завод за статситика, активното население брои 797.884 лица од кои вработени се 707.385, а невработени 90.499 лица. Стапката на активност е 52,5, на вработеност 46,5, додека стапката на невработеност изнесува 11,3. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ