„Сите обвинувања што ги слушаме, особено за дронови некаде во земјите од Европската Унија, се целосно неосновани, не е презентиран ниту еден факт, материјал или доказ“, рече Захарова, пренесува РИА.
Руте: НАТО подготвен да ја брани секоја педа од територијата
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави порано денеска дека откако руски дрон се урна во станбена зграда во романскиот град Галац, НАТО е подготвено да ја брани секоја педа од својата територија.
Во инцидентот беа повредени две лица, а Романија го нарече настанот тешко кршење на меѓународното право.
Нападот го осудија НАТО и европските лидери, а Букурешт го повика рускиот амбасадор на разговор и побара засилување на одбраната од дронови. Поради инцидентот беа подигнати борбени авиони Ф-16, а жителите на граничните подрачја беа предупредени да побараат засолниште.






