петок, 29 мај 2026

М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација.

Објавено на

часот

Сподели

М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит.

„Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се дуплицирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот. Во однос на дезинформацијата за немање безбедна VHF комуникација со пилотите сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите. Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа“, се вели во информацијата од М-НАВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ