Првата несреќа се случила синоќа околу 23 часот на улицата „34“ во населбата Илинден, во Скопје, каде што се судриле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот А.С. и мопед управуван од 20-годишниот П.С., и двајцата жители на Илинден.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мопедот, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Само 15 минути претходно, во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на булеварот „Гевгелија“ мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник, удрил во пешакот В.С.
Во оваа несреќа со тешки телесни повреди се здобиле пешакот, како и 17-годишен сопатник на мопедот од селото Моин.
Повредените биле пренесени во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Надлежните институции работат на расчистување на причините за двете сообраќајни несреќи.






