петок, 29 мај 2026

Мицкоски: Мега паркот во Гевгелија е место каде сите патници ќе можат да си поминат прекрасно

За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе транзитираат низ Македонија, бидејќи навистина содржините што ги нуди се импресивни, а сè уште не е целосно што се вели пуштен во употреба, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, кој најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Мицкоски уште најави дека Владата ќе стори сѐ за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од неформалните разговори со сопствениците, рече Мицкоски, дознал дека дополнително ќе се отвораат нови продажни места.

„Така што на коридорот 10 во Македонија ова ќе претставува преубаво место каде што ќе можат сите оние туристи и патници кои ќе транзитираат низ нашата земја да застанат овде, да одморат, а зошто да не и да купуваат и да пазаруваат и да си поминат навистина прекрасно, бидејќи местото само по себе е прекрасно“, рече Мицкоски.

Тој му се заблагодари на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, за поддршката, како и на инвеститорот којшто одлучил да инвестира во ваков парк.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам. Сепак десетина милиони луѓе ќе поминуваат недалеку од овде, на неколку десетици метри од овој прекрасен објект и посакувам на овој начин економијата во Гевгелија има додадена вредност и луѓето да си поминуваат прекрасни моменти користејќи ги капацитетите којшто овој објект ги нуди“, рече Мицкоски.

Премиерот денеска најави и изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово. Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката.

„Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби нешто помал објект на северената граница, во општина Куманово. Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме во рамки на законите и Уставот, да го преземеме институционалниот ризик и да ги забрзиме процедурите, да може што повеќе вакви објекти да се изградат. Како држава имаме интерес, зашто низ Коридорот 10 годишно транзитираат минимум 10-на милиони патници, така што тоа ќе претставува додадена вредност за македонската економија. Само 10 проценти од нив ако застанат и одлучат да пазаруваат, колку тоа би значело преку ДДВ и други давачки, вработување луѓе, социјална активнос…“, истакна Мицкоски.

Според него, Владата е апсолутен поддржувач на ваквите проекти и идеи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ