петок, 29 мај 2026

Приведен татко осомничен за напад врз малолетниот син, пријавени уште три случаи на семејно и врсничко насилство

Полицијата во текот на изминатото деноноќие регистрирала повеќе случаи на семејно и врсничко насилство на подрачјето на Скопје, меѓу кои и физички напад врз малолетно дете.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 мај 2026 година, половина час после полноќ, полициски службеници од СВР Скопје во полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода 45-годишниот С.Е. од скопско, по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во друг случај, вчера вечерта, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Е.М..

Дополнително, 41-годишна жена пријавила дека била психички вознемирувана и дека ѝ биле упатувани закани од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.А..

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување и на двата случаи.

Во меѓувреме, во СВР Скопје, 33-годишната Е.С. пријавила дека вчера на подрачјето на Чаир, во автобус, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.

И за овој случај од полицијата велат дека се работи на негово расчистување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ