петок, 29 мај 2026

Стружанец заработи кривична пријава, запалил сува трева, па предизвикал пожар

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот Г.М. од струшкото село Калишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот на 9 април 2026 година, на сопствено земјиште лоцирано покрај регионалниот пат Струга–Калишта, запалил сува трева и нискостеблеста вегетација што претходно ја собрал.

Набргу потоа, пожарот се проширил и кон дрвниот насад со јасика кој се наоѓал покрај патот.

Од полицијата информираат дека во пожарот немало повредени лица, но против пријавениот е поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Надлежните институции и понатаму апелираат граѓаните да бидат внимателни при палење оган на отворен простор, особено во близина на патишта, шуми и сува вегетација, поради опасност од неконтролирано ширење на пожарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ