петок, 29 мај 2026

Заталкан куршум оштети автомобил во Бутел

Шеесет и тригодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека заталкан куршум оштетил автомобил паркиран во двор од куќа во скопската населба Бутел.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера наутро, во СВР Скопје, Г.Ш. пријавил дека во двор од куќа на подрачјето на Бутел било оштетено ветробранското стакло од неговото патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки.

Според пријавата, оштетувањето било предизвикано од заталкано зрно од огнено оружје.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде било испукано зрното.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ