Според информациите од МВР, на 29 мај во 19:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ф.Д. (18) од Гевгелија, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрво.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Гевгелија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Валандово.






