сабота, 30 мај 2026

Приведен радовишанец баран со потерница за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село вчера во селото Мокрино привеле 32-годишен жител на Радовиш, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, на 29 мај во 13:30 часот во село Мокрино бил приведен Ф.И. (32) од Радовиш. Тој се барал по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од 10 месеци за сторено кривично дело „кражба“.

По приведувањето, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ