сабота, 30 мај 2026

19-годишен моторџија загина во тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Деветнаесетгодишен моторџија го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“, вчеравечерта во 22:21 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, мотоцикл „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „Хонда ХДВ“ управуван од Н.Б.(21) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил 19-годишниот М.Ф., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде подоцна починал, а од страна на лекар констатирана била смрт“, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот Н.Х. бил лишен од слобода.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ