петок, 29 мај 2026

Македонија одигра реми без голови во Сараево на последниот меч на БиХ пред заминувањето на СП

Македонската фудбалска репрезентација одигра натпревар без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина во Сараево, за Босанците ова беше последен меч пред тргнувањето кон САД на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот се одигра во прекрасна атмосфера на стадионот Кошево, но навивачите кои дојдоа да го проследат овој дуел не видоа голови. Сепак во една славеничка атмосфера Босанците беа испратени на Светско првенство.

БиХ енергично го отвори натпреварот, во 4. минута Алајбеговиќ имаше шанса да донесе водство за домаќините, но неговиот удар со помош на еден од нашите дефанзивци заврши во пречката од голот на Димитриевски.

Македонија првиот шут го имаше во 10. минута, тогаш Миовски биеше по една грешка на босанскиот голман, но тоа не беше опасен обид.

Голема шанса, веројатно и најголема на натпреварот имаше Миовски. Тоа се случи во 32. минута кога нашиот напаѓач беше очи во очи со противничкиот голман, се обиде да го лобува, но Мујакиќ исфрли од пред гол линијата.

Во самиот финиш од првото полувреме уште еднаш се тресеше конструкцијата од голот на Димитриевски. Овојпат статива погоди Баждар со удар со глава.

На почетокот од вториот дел и во неговиот тек, Барбарез и Седлоски направија многу замени, се загуби и концептот на играта, немаше шанси, главно се играше во средината без многу желба и на двете страни за гол.

Првите минути во дресот на Македонија ги одиграа дебитантите Јанкулов, Омерагиќ, Ангелевски и Аломеровиќ.

Следниот меч на Македонија е веќе во понеделник кога играме против Турција во Истанбул со почеток од 19 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ